Денеска е зачнувањето на Света Ана: Жените кои сакаат да забременат треба ова да го направат


Jоаким и Ана немале деца цели 50 години. На старост им се јавил архангелот Гаврил на двајцата поединечно и им рекол дека нивните молитви се услишани од Бога и дека ќе им се роди ќерка Марија.

sv ana3

Тогаш Ана зачнала и по девет месеци навистина родила ќерка благословена од Бога , пресветата Марија Богородица.

Во текот на овој ден жените не работат, а некаде бдејат цела ноќ во пресрет на празникот додека не ги слушнат првите петли. Кога ќе ги слушнат, велат: Слушам слушам, петли, своето го чувам, селското го собирам.

Во некои села мајките со женски деца одат околу куќата и фрлаат пепел или просо за да ја заштитат куќата од зло. Болните жени одат во манастири на молитва, а неродилките заминуваат на конак каде остануваат по три дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1