Ова е случај со малата Слоан Хендерсон која на 14 месеци научила да „вози“ сноуборд. Неверојатно е колку малото девојче е опуштено и ужива.
Нејзините родители Кејти и Закари се адреналински зависници. Слоан со нив навистина уживала во снежните спортови. Таа без проблем балансира и остана стабилна на даската без ничија помош.
-Исклучително сме горди на неа. Бевме импресионирани од нејзината вештина, вели Кејти за Еј-Би-Си вести.