Мировните преговори за Сирија ќе бидат привремено прекинати до 25 февруари, соопшти АФП.
Ова го изјави амбасадорот на ОН во конфликтната страна Стефан Де Мистура, кој раководи со оваа конференција во Женева, во која учествуваат делегации на Владата на Башар Асад и опозицискиот Врховен комитет за преговори, создаден под покровителство на Саудиска Арабија.
“Преговорите се прекинати поради комплексноста при дискутирање на процедурални прашања”, изјави Мистура по средбата со претставници на Комитетот.
Во рамките на преговорите во Женева Мистура разговара со претставниците на Асад и опозицискиот комитет, но земјите не влегоа во директен дијалог меѓу себе.
На денешните разговори меѓу Мистура и опозицијата не се дискутирани аспекти на воениот конфликт, изјави амбасадорот на ОН.