Полицаец пронајден гол во автомобил, починал при секс со љубовницата


Полицаецот М.М. (45) е пронајден мртов вчера околу 10 часот утрото во својот автомобил марка „југо“, кој бил паркиран на проширувањето од патот недалеку од Бајина Башта. Тој бил целосно гол, а како што е утврдено починал за време на секс.

М.М. во моментот на смртта најверојатно не бил на должност. Откако телото е пронајдено, на самото место се повикани неговите колеги да направат увид. На телото немало видливи повреди, а М.М. е пронајден целосно гол, но покриен со неговата полициска кошула.policaec-pronajden-gol-640x559

Телото е испратено на обдукација по налог на обвинител за да се утврди точната причина за смртта. Се сомнева дека имал инфаркт, зошто според зборовите на неговите колеги пред две години имал операција на срце.

-Последен контакт со полицаецот имала М.М која со него имала сексуален однос. Како што раскажала, во текот на водењето љубов, тој два пати лелекнал, па починал. Исплашената жена, која исто така има семејство, не знаела што да прави, па од страв побегнала од возилото. Веројатно од сожалување да не го пронајдат целосно гол, го покрила со кошула, велат соседите за оваа несекејдневна трагедија во Бајина Башта.

Починатиот полицаец бил оженет, а со сопругата имал две малолетни деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1