Такси возилото, марка „рено“, со скопски регистерски таблички, излетало од булеварот и се забило во бетонска жардињера. Попат урнало и еден сообраќаен знак.
Второто возило, марка „сузуки“ со прилепски регистерски таблички стоеше на средината од крстосницата со мали оштетувања на него.
Неофицијално, возилото со прилепски таблички му пресекло пат на таксистот, кој изгубил контрола над своето возило и се забил во бетонската жардињера.
Според информациите од полициската екипа која вршеше увид на местото, во несреќата немало потешко повредени. Направена е само материјална штета.