Најубавиот спортски љубовен пар во Македонија на дело покажаа колку добро се познаваат


Нашата најдобра и најзгодна кошаркарка Едина Муса и најпознатиот фитнес модел Гоце Ѓошев не ја кријат својата голема љубов. Како и секој млад пар, така и тие ќе го прослават денот на вљубените, Валентајн, a помош околу подароците побараа од волшебната љубовна машина која што е поставена во Skopje City Mall.  Едина покажаа дека одлично се познаваат и високо котираат со освоените поени, со што се потенцијални финалисти.sportski par2

– Со Гоце сме шест месеци и навистина уживаме заедно. Ние поголемиот дел од денот сме заедно во Synergy Fitness & Spa каде работиме како фитнес инструктори. Всушност, нас не спои љубовта кон фитнесот. Инаку, според мене, добра врска е кога партнерот ќе го прифати твоето минато, ќе те поддржува во сегашноста и ќе те прати во иднината, изјави најдобрата кашаркарка за 2015-та во Македонија, Едина Муса.

Што се однесува до волшебната љубовна машина, играта се состои во тоа што партнерите се натпреваруваат колку добро се познаваат помеѓу себе. Од 500 производи им се предложат 30 производи (според пол), од кои едниот од партнерите ќе треба да одбере 10, а другиот партнер ќе треба да погоди кои 10 производи ги одбрал неговиот сакан, и обратно. Топ 5 паровите што ќе имаат најмногу поени (погодени производи), се квалификуваат во големото финале.sportski par

Проверете колку се познавате со вашиот партнер со помош на љубовната машина во Skopje City Mall. За најдобриот пар следуваат два таблети Samsung Galaxy Tab 2, за второ пласираните бисерен ѓердан и мажетни, а за трето пласираните следуваат најновите парфеми од светски познатиот дизајнер Karl Lagerfeld.

Играта трае до 14-ти февруари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1