Вчера утро во автобус на ЈСП, кој се движел, пукнал ладилникот за вода при што со повреди се здобил А.А. (23) , како и други четири лица-патници од автобусот.
Несреќата се случила во 9 часот и 20 минути на автобус на ЈСП кој бил во движење, му пукнал ладилникот за вода, при што со изгореници во пределот на стомакот се здобило младо момче.
Се работи за 23-годишниот А.А. кој се здобил со сериозни повреди, а повредени биле и други 4-5 лица од автобусот.Повредените веднаш биле пренесени во болница.