Онколог: Ракот е добра смрт и лечењето е губење време!


Кога ќе се искорени ракот во целост, само се продолжува животот за малку, а лек нема да се најде. Затоа е глупо да ги фрлате парите, барем давајте ги на други места, вели доктор Сидарта Мукерџи.onkolog

– Лично, не донирам пари во истражувања за пронаоѓање на лек за ракот, а причините за таквата моја одлука се бројни – никогаш нема да го излечиме ракот, па токму затоа премногу пари се трошат на такви истражувања и третмани, а ракот е подобра смрт од повеќе останати, и целата замисла за излекување на ракот е всушност застрашувачка утопија која се обидува да ги усоврши луѓето, смета угледниот американски онколог и добитник на Пулицерова награда за дело за историјата на ракот – Цар на сите болести: Биографија на ракот (The Emperor of Maladies), Сидарта Мукерџи.

Тој тврди дека ракот е вткаен во човечкиот геном и дека претставува грешка во развојот и стареењето на нашите клетки, па од него може да се ослободиме само ако ги елиминираме сите физиолошки процеси кои се врзани за растот на телото, од стареењето, до лечењето и репродукцијата, пишува The Independent.

– Ако се излечиме од ракот, ќе се излечиме и од тоа дека сме луѓе, вели Мукерџи.

Тој потенцира дека постојат различни видови и треба да се внимава да не се ставаат сите дијагнози во истиот кош, иако причината за процесот на неконтролирано растење на клетките е секогаш ист.

– Најчестите облици на рак може да се отстранат без било какви закани за животот на човекот, па токму затоа смртноста кај децата од леукемија е значајно намалена, но дали е ракот навистина некогаш излечен, се запрашува Мукерџи, којшто вели дека смртта може да се одложи, но прашање e по која цена може да се направи тоа ако се работи за лечење на повозрасни лица со напреден облик на рак, а ракот како таков секогаш останува во позадина и демнее.

Мукерџи вели дека повеќекратно повеќе се трошат пари на лечење на ракот отколку на било која друга болест, а во поголемиот дел од случаевите се работи за продолжување на живот којшто е веќе неквалитетен, врзан за мачнини, хемотерапии, кревет и зависност од други луѓе.

Четири главни начини за настапување на смрт кај луѓето се: изненадна смрт, смрт како следство на деменција и стареење, смрт предизвикана од откажување на орган и рак, а според Мукерџи, ракот е дефинитивно најдобрата опција.

– Поголемиот дел од луѓето би кажале дека изненадната смрт е и најдобра, но од своето богато искуство можам да ви кажам и дека не е. Не за оној кој што починал, туку за блиските коишто не се подготвени за нешто такво, ниту пак имале прилика да се простат од своите сакани, потенцира онокологот, но додава дека ракот некогаш бил добра смрт, а сега почнува да личи на смртта којашто е следствена од процесот на деменција, кревкост и постепено измачување.

– Забораваме, или можеби ни е тешко да прифатиме, ракот е сепак генерално болест кај постарите лица и со негово излекување човечкиот живот само незначајно би се продолжил. Затоа им апелирам на сите, да ги насочиме парите кон тоа да им помагаме на помладите, и да го подобриме нивниот квалитет на живот, порачува Мукерџи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1