ИД нападна со хемиско оружје


Повеќе од 40 лица во северниот дел на Ирак се затруени од гас и имаат осипи откако синоќа припадници на Исламска држава го нападнале селото Таза со гранати и ракети „Катјуша“ полни со отровни материи, соопштија денеска локалните власти.

Ниту еден човек не починал, но петмина се во хоспитализирани.maska hemisko oruzje -1-630x289

Селото Таза се наоѓа на 20 километри од Киркук и е населено со Туркмени шиити. Селото е во регион кој е под контрола на Курдите.

– Имаше отровни материи во проектилите. Не знаеме точно какви, изјави гувернерот на провинцијата Киркук, Наџмудин Карим при денешната посета на Таза.

Врз селото биле истрелани 24 проектили и ракети од соседниот реон Башир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1