Денес облачно со сончеви периоди – викендот повторно обилни врнежи


Во текот на денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.oblaci sonce vreme mk

Ќе дува слаб ветер со променлив правец, а минималните температури ќе бидат во интервал од 0 до 5,додека максималните од 9 до 16 степени целзиусови.

Според извештајот кој вчера УХМР го достави до јавноста околу 19:30 најмалку врнежи паднале во Претор и тоа еден литар на метар квадратен за 12 часа, додека за истиот период во Виница паднале 26. Како и обично и во овој извештај нема информации за количината на врнежите во Куманово.

Обилни врнежи од дожд метеоролозите најавија и за периодот од викендот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1