Иванов: Во Македонија има 72 терористи вратени од боиштата


Да не бидеме наивни. Само во Македонија имаме 72 повратници, од лица кои учествувале на боиштата, отишле како екстремисти, се вратиле како терористи. Шеесет отсто, односно повеќе од 1.000 лица од Балканот учествувале во Сирија и се вратени, а илјадници односно до три илјади има повратници на територија на ЕУ. Тие ги користеле овие рути на бегалците, меѓу нив се вратиле и еве сега што се случува, изјави денеска претседателот Ѓорге Иванов, кој беше во редовна годишна посета на Агенцијата за разузнавање.ivanov

– Македонија ги има сите ризици, што ги имаат сите земји од нашето окружување и во Европа. Постојат заканите, но ние успешно се справуваме со нив и превентивно и проактивно делуваме. Граѓаните треба да бидат спокојни затоа што сите ризици што постоеја досега, нашите институции, во соработка со нивните партнерски служби ги спречуваа – изјави Иванов.

Во врска со терористичкиот напад денеска во Брисел, тој рече:

– Службите мора да соработуваат и на безбедносен план да се разменуваат информациите. Да не робуваме на бирократски процедури, не сме биле во ЕУ, не сме имале право на пристап до базите. Ние тоа го нудиме за безбедноста на континентот и на другите земји во ЕУ, кои и во иднина ќе се соочуваат со терористички напади и закани. Но, не само во Еворпа, ова е планетарен феномен.

Тој додаде дека сите оние кои не и мислат добро на севкупната човекова цивилизација, ги користат сите придобивки на 21 век и многу се поиновативни и покреативни од државите и службите, кои по инерција, како да се останати во 20 век.

Тимот задолжен за справување со мигрантската криза од Агенцијата за разузнавање (АР) на денешната средба го информирал претседателот Иванов за сите сознанија и искуства при справувањето со мигрантската криза.

– Ние сме како земја на една од најфреквентните рути и затоа таа рута ја користеа и мигрнатите, но и тие што немаат добри намери. Има повратници од војната во Сирија, имаме т.н. екстремисти, терористи, криумчари и сите оние кои се занимаваат со овој профитен бизнис, со шверцот на мигранти кој е најдоходовен според последниот извештај на Европол. Тоа ќе продолжи, ќе имаме и во иднина но нашите институции го положија тестот – рече претседателот Иванов.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1