Основачот и косопственик на популарната компанија WhatsApp Јан Коум, преку ноќ станал милијардер откако својата компанија ја продал на Фејсбук. Порано немал пари да купи ни леб. Тој и неговата мајка живееле благодарение на инвалидска пензија и бонови. Ви донесуваме уште неколку слични животни приказни
ТВ ѕвездата Опра Винфри е родена во многу сиромашно семејство. Сепак, успеала да се избори за стипендија и да стане прва афроамериканска дописничка. Тогаш имала 19 години. Таа 1983 година се преселила во Чикаго каде работела за АМ Show кое подоцна ќе го носи нејзиното име. Нејзиното богатство се проценува на 2,9 милијарди долари.
Кени Троут, сопственик на телеком компанијата Excel Communications, денесе тежи 1,7 милијарди долари. Школарината ја плаќал сам продавајќи животни осигурувања. Неговиот татко бил локален келнер, кој не можел да му плаќа факултетско образование. Компанијата ја основал во 1988 година, а денес главно ужива во коњи и трки.
Сопственикот на Старбакс Хауард Шулц живеел во сиромашен кварт, како што кажал на спротивната страна од тие каде живееле богатите и успешните. Еден ден се одлучил да ја помине оградата и да појде сам низ животот. Добил фудбалска стипендија, работел во Ксерокс и заработените пари го инвестирал во купување на локално кафуле Старбакс, чиј синџир денес брои 16.000 продавници во светот. Неговата сопственост се проценува на 2 милијарди долари.
Една од интересните животни приказни е таа на пакистанскиот бизнисмен Шаход Кан кој бил мијач на чинии. Сега е еден од најбогатите луѓе на светот. Сопственик е на компаните Flex-N-Gate, НФЛ клубот Џексонвил Џегуарс и премиер лигашот Фулам. Неговото богатство се проценува на 3,8 милијарди долари.
Ерменскиот имигрант Кирк Керкориан го напуштил школувањето во осмо одделение за да стане боксер. Во текот на Втората светска војна работел за Британските кралски воздушни сили, а потоа се свртел кон градежништвото. Неговото богатство се проценува на 3,9 милијарди долари.
Џон Пол ДеХора, сопственик на козметичката куќа Патрон Текила, кога имал 10 години продавал весници и разгледници за да помогне на своето семејство. Живеел кај родители кај кои бил посвоен, членувал во банди и војска, а на крај позајмил 700 долари, направил шампон кој го продавал од врата до врата.
Леонардо Дел Векио, сопственик на најпознатиот продавач на очила за сонце и втор најбогат Италијанец, порано живеел во сиропиталиште и работел во фабрика во која го изгубил прстот. Неговото богатство се проценува на 15,3 милијарди долари.
Ли Ка-шинг, Кинез кој во текот на 40-тите годни избегал во Хонг Конг, како 15 годишно момче го издржувал своето семејство. Ја основал компанијата Cheung Kong Industries која на почетокот се бавела со продажба на пластични производи, а потоа своите идеи ги пренасочил во пазар за недвижнини. Неговото богатство се проценува на околу 30 милијарди долари.
Сопственикот на софтверската компанија Oracle, Лари Елисон го напуштил средното училиште откако починала неговата тетка и следните осум години работел неколку физички работи.
Се одлучил да покрене сопствен бизнис и ја основал компанијата Oracle, денес една од најуспешните светски компании. Неговото богатство се проценува на 41 милијарда долари.