Работел на бензиска – а денес е милионер – заработил преку Фејсбук


До пред една година 21-годишниот Американец, Бен Кардвел работел на бензиска станица.

milioner fejsБидејќи не ја сакал својата работа почнал да размилсива како би можел да заработи повеќе пари и да се „откачи“ од бензиската станица.

Како што објави „Бизнис Инсјадер“, Бен така почнал со продажба на облека и елктроника прeку интернет сaјтот „ТradeMe“. Но, бидејќи продажбата му одела слабо, тој решил да отвори своја страница на „Фејсбук“ нарекувајќи ја „Deal Man“ и само за една ноќ продал стока во вредност од 800 долари.

За многу краток рок „Deal Man“ добила 100.000 фанови, а со тоа се зголемила и продажбата на Кардвел и нормално и неговите приходи.

Кога „Фејсбук“ ги промени правилата за огласување и почна да ги наплаќа огласите, Кардвел мораше да плаќа за својата страница, но тоа му донесе дополнителен број фанови и приходи.

Денес „Deal Man“ има над 200.000 фанови, а на крајот на декември 2013 година заработката на Кардвел од продажбата преку оваа страница достигна 1,1 милион долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1