Вчера во 13,45 часот во Скопје, по претходна пријава од граѓанин, полициски службеник од ПС Центар од водите на реката Вардар, на десниот брег извлекол труп на непознато машко лице на возраст од околу 70-80 години.
Смртта е констатирана од страна на лекар од ИМП. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.
По наредба на ЈО, телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.