Најмалку 23 лица починаа, а десетици се хоспитализирани поради труење со бонбони во Пакистан, за кои полицијата се сомнева дека содржат пестициди.
Овие податоци ги потврдил и висок полициски претставник на округот Пунџаб, Рамез Бухари прецизирајќи дека три лица од работилницата се уапсени.
Умар Хајат, жител на областа Карор во провинцијата Пенџаб, купил слатки на 17 април, за да го почасти семејството и пријателите по повод раѓањето на внук. Прославата била прекината поради кобните бонбони, а до крајот на денот, десетици лица починале од силно труење.