Лепа Брена ќе стане баба


Српската пејачка и девојка на Филип Живоиновиќ, Александра Пријовиќ, е во вториот месец, а двојката убавата вест ја споделила со семејството и најблиските пријатели, дознава српски „Блиц“.lepa-brena-stefan-620x400

Александра и Филип веќе неколку месеци уживаат во љубовта, а за неколку месеци двојката ќе се реализира во најубавата животна улога, родителството. Со оглед на тоа што пејачката е во рана бременост, за сега не планира да се повлече од сцената и има редовни настапи.

Инаку Филип е дете од првиот брак на поранешниот српски тенисер Бобан Живоиновиќ, но неговата актуелна сопруга, фолк-ѕвездата Лепа Брена го има прифатено како свое дете.

Неодамна во медиумите се ширеа гласини дека од нивната романса нема ништо и дека таа на Филип му е само забава, но двојката тоа го демантирала со оваа радосна вест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1