Ѕверски е мачен до смрт- млад Србин убиен поради љубов


Мирко Фреј (32) од Шабац кој беше убиен во понеделникот, бил врзан и ѕверски мачен и претепан со дрвена палка, а неговото тело било пронајдено во оставата, дознава српски Курир.

Во истиот стан пронајден бил и тешко повреден Жељко Митровиќ (47), поранешниот сопруг на девојката на Мирко, кој е првоосомничен за убиството. Се претпоставува дека тој после злосторството самиот си го зарил ножот во градите.zlocin-mucenje-sabac-640x432

Итна помош повикала жена

– Не знаеме дали Фреј починал од тепањето или од гушење бидејќи главата му била замотана со салојтеп. Во овој момент не е јасно ни кој го повредил Жељко во градите. Се претпоставува дека самиот се повредил, но повеќе детали ќе се знаат кога ќе се опорави од операцијата, вели извор за српски Курир.

Делот околу зградата каде се случило убиството е под видео надзор. Како што дознава српски Курир, камерите го забележале Мирко Фреј во понеделникот околу 7 часот наутро како го паркира моторот кај влезната врата и влегува внатре. Соседите велат дека тој ден од станот слушнале чудни звуци и молење на помош, но никој не повикал полција.

Екипата на српски Курир отишла во станот на Фреј и таму бил таткото на Мирко, а неговата сопруга била отсутна бидејќи се подготвувала за погребот.

– Го уби љубовта. Тој Жељко три години ни правеше проблеми. Го тепаше мојот Мирко каде и да го види, го бараше по кафантите да го тепа, мене гумите ми ги дупна од автомобилот. А Мирко едвај имаше 50 килограми, додека Жељко е огромен човек. Се е тоа поради Андријана. Не можеше да живее без неа, раскажал таткото на Мирко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1