Пред да стане една од најголемите актерки на својата генерација Мерил Стрип, доживеала трагичен губиток. Љубовта на нејзиниот живот починала од рак. Кога го запознала актерот Џон Казал во 1976 година, Мерил имала 27 години, додека тој бил 14 години постар, и бил легенда. Се вљубиле еден во друг веднаш по запознавањето. Тогаш Мерил не можела да претпостави дека за две години ќе мора да паузира во кариерата, и во целост да му се посвети Казал, чие тело се распаѓало од рак.
Кога лекарот ѝ соопштил дека Казал починал, Мерил удрила со тупаница во неговите гради и го оживеала за миг, доволно за да ѝ каже: „Во ред е Мерил“.
Иако актерката никогаш не зборувала за тоа, овие трагични ситуации влијаеле на тоа да стане актерка и личност каква што е целиот живот. Овие детали сега се откриени во биографијата на Мерил Стрип „Таа повторно“ кој ја напишал Мајкл Шулман.
– Тој не беше како кој било. Беше специфичен, хуман, љубопитлив, сочувствителен – рекла Мерил во едно интервју. Иако кога ја започнале врската Казал веќе снимал филмови, крпеле крај со крај. Изнајмувале станче на Менхетн и излегувале во ресторани каде што газдите ги частеле со оброци.
– Беа пријатени за гледање бидејќи беа забавни, двајцата. Беа прекрасни, но малку чудни. Луѓето се вртеа по нив, но не затоа што таа беше премногу убава – рекол драматургот Израел Хоровиц. Токму кога дошле до малку повеќе пари и се преселиле во поголемиот стан на Казал, лекарите му рекле дека е во терминална фаза на ракот на белите дробови кој метастазирал по целото негово тело.
Мерил и Казал заедно се појавија во филмот „Ловци на елени“ откако му била поставена дијагнозата. Таа ја прифатила улогата само за да биде поблиску до него.
Двојката криела колку сериозна е состојбата на Казал. На зрачење го водел Ал Пачино кој инсистирал на тоа дека на Казал ќе му биде подобро и дека ќе му се врати на актерството. Токму во времето на „Ловци на елени“ продукцијата сакала да го отпушти Казал, но филмаџиите се бореле за неговата улога.
– Ми рекоа дека ако не се ослободам од Казал, ќе го згаснат филмот. Беше ужасно. Поминував часови на телефон, врескав и се карав – раскажал режисерот на филмот Мајкл Чимино. Мерил подоцна открила дека трошоците за лекувањето на Казал ги покрил Роберт де Ниро иако познатиот актер никогаш ниту ја потврдил ниту ја демантирал нејзината приказна.
Додека двојката продолжила да се бори со трошоците за лекувањето, по снимањето на „Ловци на елени“ Мерил ја добила насловната улога во серијата „Холокауст“. Поради тој проект два и пол месеци морала да престојува во Австрија и да го остави Казал во Америка. Тој бил премногу слаб за да тргне со неа. Кога се вратила во Њујорк Казал бил во најлошата фаза од болеста. Оставила сè и пет месеци била покрај љубовта на својот живот. Ракот му се проширил и на коските. Мерил со него одела на сите терапии и прегледи. Казал влегол во болницата „Меморијал слоан кетеринг“ во март 1978 година и никогаш не се вратил дома. Мерил била покрај него цело време.
По неговата смрт нејзината кариера тргнала по нагорен пат. Шест месеци подоцна се омажила за скулптурот Дон Гамер со кого доби четири деца.