Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.
На Велики Четврток ги повикува своите ученици на последната Тајна Вечера каде им рекол дека еден од нив ќе го предаде. Тогаш ја востановил и Светата Причест. Зел леб, го благословил, го прекршил: “Земете, јадете, ова е Моето тело”. Зел чаша со вино, заблагодарил и им рекол: “Пијте од неа сите, зашто ова е Мојата крв на Новиот завет која се пролива за мнозина, за опростување на гревовите”. Испеале благодарствена песна, заминале во Гетсиманската Градина, каде Христос со преклонети колена и капки на челото се молел: “Оче, кога би сакал да Ме одмине оваа чаша! Но, нека не биде Мојата волја, туку Твојата!”.
Јуда се договори со првосвештениците да им го предаде за триесет сребреника. По вечерата, учениците отидоа на Маслиновата Гора, во една градина, наречена Гетсиманија. По некое време, Исус им рече: „Оваа ноќ сите вие ќе се соблазните поради Мене.” Петар му рече: „Макар и сите да се одречат од Тебе, јас нема да го сторам тоа.” А беше доцна, односно длабока ноќ. Исус повторно му рече: „Пред да запее петелот двапати, ти ќе се откажеш од Мене трипати.” Така и се случи. Од ова Петар го обзеде голем страв. На овој начин Бог му ја покажа слабоста на неговата природа, но истовремено, бидејќи сакаше да му ја довери сета вселена, Он сака да му даде на знаење дека целиот свет има иста природа, и дека тој (Петар) треба да се покаже милостив кон грешниците.
Додека говорел до него се приближил апостолот Јуда и го целивал. Пред тоа на римските војници и на еврејските свештеници, кои го потплатиле со триесет сребреници, им имаше речено: „Kого што ќе го целивам, он е, фатете го“. И го целива (во левиот образ), а војниците го фатија и го дадоа да му се суди, по што беше распнат.
„Човеку, зошто си овде?“, возвраќа Исус. Тогаш, одговарајќи си сам на прашањето, тој вели:
„Јудо, зарем со бакнеж го предаваш Синот човечки?“ Но, доволно за неговиот предавник! Исус истапува напред во светлината на запалените факли и светилки, и ги прашува: „Кого барате?“
„Исус Назареќанецот“, гласи одговорот.
„Јас сум тој“, одговара Исус додека храбро стои пред сите нив. Вчудовидени од неговата смелост и не знаејќи што да очекуваат, луѓето се повлекуваат и паѓаат на земја.
„Ви реков дека јас сум тој“, смирено продолжува Исус. „Затоа, ако мене ме барате, пуштете ги овие да си одат.“ Кратко пред тоа во горната соба, Исус во молитва му рекол на својот Татко дека ги сочувал своите верни апостоли и дека не изгубил ниеден од нив, „освен синот на уништувањето“. Затоа, за да се исполни неговиот збор, тој замолува неговите следбеници да бидат пуштени.
Јуда кој се сметаше за поблизок пријател го предаде Учителот за мала цена, за триесет сребреници, Јудиниот бакнеж или бакнежот на смртта, како што некои го нарекуваат, е еден од срамните историски чинови кој и денес симболизира големо предавство. Неговото име во јазиците на повеќето христијански народи, претставува симбол на предавството, симбол на предавникот.
Јуда што го предаде, кога видел дека Исус е осуден, се покајал и ги вратил сребрениците со кои беше поткупен, велејќи им: „Згрешив, оти предадов невина крв“. Потоа отишол и се обесил на смоквино дрво, кое веднаш се исушило. Христијанската црква, во спомен на денот на издајството, средата ја определила како ден на пост, заедно со петокот, денот на распнувањето.