Под силно полициско обезбедување од затворот во Шутка, во основен суд Скопје 1, пред малку е донесен новинарот Зоран Божиновски.
Тој е обвинет во случајот „Шпион“, но му се суди во одвоена постапка бидејќи три години уживаше азиланстски статус во соседна Србија и минатата недела беше екстрадиран во Македонија.