Времето ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 14 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со услови за сосема слаби врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 17 степени.