Имам чест и задоволство, во име на сите нас од Демократската унија за интеграција и во мое лично име искрено да ви честитам по повод големиот празник Велигден, со најискрени желби за благосостојба и добро здравје, се вели во честитката на лидерот на ДУИ, Али Ахмети по повод Велигден.
„Задоволството е двојно кога ќе се сетам дека оваа честитка им ја посветувам и на дел од албанскиот верски мозаик, православните Албанци во Македонија и пошироко, оној мозаик кој со векови му служи на светот како пример на големите вредности на верскиот и духовен соживот на Албанците“, порачува Ахмети во честитката.
„Духот на Велигден е воскресението на животот и надежта. Годинава, сите ние се соочуваме со тешкотии, надминување кое зависи меѓудругото од разбирањето меѓу нас и од желбата да се има подобра иднина. Граѓаните заслужуваат надеж за подобар живот. Посакувам следната година Велигден да не најде подобро. Честито и за многу години Велигден, благосостојба и среќа во вашите семејства“, заклучува Ахмети во својата честитка.