Најмалку 33 луѓе од кои 5 деца починаа од труење со слатки во централен Пакистан.
Труењето во Карол Лал Есан е поради пестициди во слатките. Дополнително 13 лица се примени во болница поради труењето од слатки.
Човек од оваа област ги купил слатките за да чести за раѓањето на внукот, но во текот на денот 10 луѓе починале. Двајца сопственици на работилницата за слатки и нивен работник се приведени и утре ќе бидат изведени на суд. Анализите покажале дека во слатките имало пестициди и нив ги конзумирале 52 луѓе. Пакистан има низок стандард и сигурност на храна, а хигиенските норми ретко се спроведуваат