Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито, почина на денешен ден во 1980 година во болница во Љубљана.
Јосип Броз Тито беше на чело на Југославија 35 години. Точната дата на неговото раѓање не е позната, но за негов роденден се смета 25 мај 1892 година. Тито учествувал во Првата светска војна. Бил ранет и заробен во Русија во 1915 година, по што избегал и учествувал во Октомвриската револуција. Во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците се вратил на крајот на октомври 1920 година, кога станал член на Комунистичката партија, а во 1937 нејзин генерален секретар.
Во Коминтентот во Москва работел во 1936 и 1937 година во времето кога биле ликвидирани голем број југословенски комунисти.
Од Втората светска војна излегол како легендарен лидер. Паралелно со борбите против окупаторот, единиците под негова команда спровеле комунистичка револуција, во текот и по војната.
Го одбил притисокот на Сталин во 1948 година, по што со децении добивал финансиска и воена помош од САД.
За ликот на Тито се врзани многу контроверзи. Додека едни го сметаат за неприкосновен лидер, други го осудуваат поради тоталитарниот режим и неговиот култ на личноста.
На неговиот погреб на 8 Мај во Белград во 1980 година присуствувале над 200 високи претставници од 127 земји во светот.