ФОТО: Свадба во шатор на Идомени


Со бел фустан и бидермаер, но и шатор адаптиран за свадба –обезбедени од волонтерите, пар бегалци од Сирија, се заколнал на вечна љубов во импровизираниот камп на Идомени.27 годишниот Сахер и 20 годишната Рухаја, како што објави грчката новинска агенција, се свршиле во Сирија, а во февруари заедно тргнале на патот кон подобар живот во Европа. Планирале да стигнат до Германија и таму со брак да ја крунисаат нивната љубов. Меѓутоа, затворениот балкански коридор им ги сменил плановите.svadba-2-640x360

„Околу еден и пол месец сме на Идомени и решивме да не чекаме повеќе и на овој симболичен начин да ја запечатиме нашата љубов. “ – рекол младоженецот за АПЕ.

Волонтерите помогнале,невестата да има бел фустан и бидермаер, обезбедиле и свадбена торта, а шаторот го украсиле и адаптирале да личи на кревет.svadba-1-640x480 svadba-640x480

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1