Снимал селфи, настрадал 126-годишен споменик


Обидот на млад неименуван маж да сними селфи со 126 години старата статуа на португалскиот крал од XVI век завршила погубно за вредниот споменик, кој паднал на земјата и се распарчил, соопшти португалската полиција.lisabon

Момчето, случајно ја соборило статуата на португалскиот крал Себастијан Први, додека се качувал на постаментот пред железничката станица „Росио“ во центарот на престолнината Лисабон. Инцидентот се случил во вторникот, кусо по полноќ, кога младиот човек се обидел да побегне, но полицијата успеала брзо да го фати.

Статуата со димензии на дете, којашто го прикажува кралот со тажен поглед, со меч и штит во рацете, стоеше меѓу два лака на влезот во централната лисабонска железничка станица. Главната зграда на станицата „Росио“, завршеа во 1890 година, е заштитен споменик на културата.

Себастијан Први (или Португалски), кој престолот го наследил како дете, е трагична личност во португалската историја. Загинал со 24 години, во 1578 година, во самостоен крстоносен поход на Мароко. Неговото тело никогаш не е пронајдено, што довело до создавањето на митот за „заспаниот крал“ кој ќе се врати во Португалија која земјата ќе падне во најтемниот период.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1