Животен пресврт: Како денес живее мигрантот кој го сопна унгарската снимателка


Осама Абдул Мохсен минатата година стана познат во целиот свет, откако унгарската снимателка го сопна на српско-унгарската граница, додека во рацете го носеше својот син. Овој инцидент се најде во сите светски медиуми, и за овој мигрант слушна сите. Иако повеќе не бега од војната, Осама сè уште го чека „тој мирен живот“ кој му го ветиле кога еден фудбалски клуб му помогнал да се пресели во Шпанија.

Снимката од овој инцидент ги наполни медиумите ширум светот. Унгарската снимателка доби отказ, а на Мохсен тоа сепак му донесе среќа во животот.6e11620800c879e446f18bf7895701ef

Благодарение на оваа снимка, Шпанската спортска академија дознала дека Мохсен, всушност, бил тренер во прволигашки тим од Сирија. Му понудиле работа, но и дом на периферијата на Мадрид. Тој оваа понуда, секако, ја прифатил.

Осама денес живее со своите синови – осумгодишниот Заид и 17-годишниот Мухамед. Меѓутоа, иако насекаде во нивниот стан има спомени од фудбалскиот свет кои со себе ги донеле од Сирија, Мохсен вели дека сè уште не се сместиле во целост.

– Морам да се релаксирам, изморен сум – вели тој и додава дека дневно има закажано и по три интервјуа.

Мохсен во некоја рака станал медиумска ѕвезда и è една од позитивните приказни кои излегле од мигрантската криза во Европа.

Сепак, медиумското внимание не му помогнало на Мохсен да се соедини со остатокот од своето семејство, иако ги поднел сите документи кои биле неопходни за да аплицираат за виза.

Неговата сопруга и уште две деца се сместени во Мерсин на југот на Турција. Семејството ја напуштило војната во градот Деир ел-Зор пред точно четири години. Тој со своите два сина успеал да се смести во Шпанија, но недостасуваат уште три члена на семејството.

Иако е Мохсен благодарен за новиот живот, не може да го избегне фактот дека моментално се наоѓа во привремено сместување.

– Станот е убав, но украсен е со ситници кои тука ги ставил некој друг – рекол тој.

Дури и книгите се на шпански, а Мохсен сè уште има тешкотии со овој јазик. И покрај сите јазични тешкотии, Мохсен својата иднина ја гледа во Шпанија. Со многу восхитување, и на лош англиски, тој зборува дека понекогаш го тренира локалниот јуниорски тим. Горд е, вели, како неговите синови се снашле во училиште и колку брзо го совладале јазикот, па сега и нему му помагаат.

Љубовта кон фудбалот им е утеха додека чекаат вести за остатокот од семејството. Мухамед игра фудбал во локалниот тим, додека Заид отишол на стадионот на Реал Мадрид за да се ракува со Кристијано Роналдо.

Во меѓувреме, Мохсен е благодарен на контактите од фудбалскиот свет кои му овозможиле да пронајде работа во земјата во која стапката на невработеност изнесува над 20 отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1