Фронтменот на легендарниот бенд „Рибља чорба“ Бора Ѓорѓевиќ (63) пред три дена во тајност се венчал со својата девојка Дубравка во општината, а потоа со пријателите отишол на ручек во еден ресторан.
Како што дознава српски „Блиц“, Бора Ѓорѓевиќ не сакал премногу да зборува за својата венчавка, па така одлучил во интимен чин пред матичарот и кумовите да го изговори судбоносното „да“ на својата значајно помлада девојка која е со потекло од Словенија.
– Бора веќе подолго време размислуваше за тоа да се ожени. Неговата околина не беше воодушевена од оваа идеја, имајќи предвид дека зад себе веќе има два брака, но на крајот сепак беше по негово. Разговараше со Дубравка и решија тоа да биде скромна венчавка во општината, а потоа заедно со кумовите и со неколку блиски пријатели да одат на ручел. Венчавката беше пред три дена – открил извор за „Блиц“.
„Многумина се прашуваат што правам во Љубљана со млада девојка. Ние јадеме диетална храна и пешачиме по планините, така ме натера да ослабнам 20 килограми – раскажал Бора во една прилика и тогаш по првпат признал дека има помлада девојка, за кој јавноста мошне малку знае.
Музичарот беше во брак со сопругата Драгана 30 години. Тие двајца се разведоа во 2007 година, а кратко време по разводот таа почина. Две години подоцна Бора се ожени со помлада девојка Александра, со која се разведе по четири години брак.