Старлетата Јелена Круниќ е уапсена на концертот на Енрике Инглесиас откако направила хаос. Старлетата на спектакуларниот концерт во Белград, најпрво скршила сталко во ВИП ложата, а потоа се тепала со непозната девојка.
Таа во Конбанк арената дошла во видно алкохолизирана состојба, а потоа започнала расправија со девојка која исто така седела во ВИП делот, по што се степале и направиле и голема материјална штета.
Јелена го скршила стаклото кое е пред самата сцена.
– Беше толку бесна што ја нападна девојката прва и ја удираше каде ќе стигне. Го скрши и стаклото, дивееше и беше приведена, вели извор.
Девојките ги разделило обезбедувањето, а потоа Јелена со оглед на тоа дека се утврдило дека го започнала инцидентот, била изнесена од концертот од страна на полицијата.