Свинска глава најдена пред канцеларија на Ангела Меркел


Непознати лица оставиле свинска глава со навредлив натпис пред изборна канцеларија на германската канцеларка Ангела Меркел во местото Штразлунд, соопшти полицијата чијашто патрола во саботата утрото ја открила животинската глава.2013-10-23T221548Z_2_LOVE99M1PUBBF_RTRMADP_BASEIMAGE-960X540_VARIOUS-MERKEL-PHONE-HACKED-O

За содржината на натписот, во полицијата не сакале да коментираат, пишува интернет изданието на весникот Focus. Изјавиле само дека станува збор за навреда упатена на адреса на канцеларката Ангела Меркел. Додале дека е отворена истрага за навреда на канцеларката и предизвикување штета.

Меркел во оваа североисточна изборна единици секогаш победува од 1990 година. Меѓутоа, нејзината популарност се намалува поради нејзините миграциски политики на отворени врати, кои според нејзините противници, ја предизвикале бегалската криза во Европа и доаѓањето на повеќе од милион баратели на азил минатата 2015 година во Германија.

Таквата политика на Меркел предизвика и криза во нејзината владејачка Унија CDU/CSU, на што особено се противи челникот на баварската Христијанско-социјална унија (CSU), Хорст Зеехофер, која на федералната канцеларка ѝ се акани дури и со тужба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1