Oд страна на Итната медицинска помош во текот на вчерашниот ден, било пријавено дека на патот за селото Соње до општината, лежело непознато женско лице кое не давало знаци на живот.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека се работи за 72-годишната О.Ј. од Сопиште.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено за обдукција на Институтот за Судска Медицина.