Во Црна Гора падна снег


Жителите на градовите во северниот дел на Црна Гора утрово ги изненадил снег, кој не е вообичаен за овој период од годината.sneg12

Снегот во северниот дел од земјата го најавиле метеоролозите, а според податоците на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, во Плевља паѓал умерен или силен снег, каде е измерена температура од само еден степен над нулата.

Метеоролозите денеска прогнозирале нестабилно време. Ќе биде облачно, со повремен дожд и грмотевици, а во утринските часови на повисоките места во северниот дел на земјата ќе има снежни врнежи.

Стабилизирање на времето се очекува од среда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1