Ја следела ГПС навигацијата и завршила во езеро


Понекогаш потпирањето на технологијата може да биде порпилично опасно, што го докажува оваа необична приказна. Сите оние кои патуваат во непознати краеви многу често ја користат ГПС навигацијата, било како самостоен уред, или како апликација на паметните телефони.Avtomobil

По правило тоа е одлична работа која може да ве поштеди од стрес на патувањето, да ви овозможи релативно безболно да пристигнете на саканата дестинација.

Но, колку и да ни се чини дека тоа е невозможно, технологијата може да задоцни и да предизвика сериозни проблеми. На своја кожа тоа го почуствувала неименувана 23-годишна Канаѓанка, која поради ГПС навигацијата во студеното езеро во државата Онтарио.

Таа возејќи го својот автомобил „Тојота Јарис“ се обидувала да пристигне во местото Тобермори следејќи ги упатствата на ГПС навигацијата. Како што навела локалната полиција, временските услови биле многу лоши, паѓал силен дожд и во тој дел од Канада имало густа магла. Тоа екстремно ја намалило видливоста на улицата, па ГПС навигацијата се чинела како идеален избор.

За жал, испаднало сосема спротивното, бидејќи технолошкото помагало ја однело несреќната жена право во езеро. За среќа таа имала доволно време по почетниот шок да го отоври прозорецот од автомобилот и да отплива до брегот, пред автомобилот „Тојота Јарис“ да потоне до дното на езерото.

Според полицискиот извештај, иако била во шок и смрзната, бидејќи темепратурата на водата во езерото била само четири степени Целзиусови, жената поминала без сериозни повреди. Откако оваа бизарна приказна добила среќен епилог, започнале расправи за тоа дали девојката ќе ја тужи компанијата чиј ГПС уред го користела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1