Полицијата и понатаму ја тресе естрадата во големата полициска акција која ја спроведува за откривање на дилери и уживатели на дрога.
Отккао беше уапсен легендарниот Ѓоша, кој сосема случајно падна во мрежата на полциијата, инспекторите откриле дека тој купувал дрога од Беби Дол. Богољуб итиќ најмалку два пати барал дрога од неа.
Како што дознава српскиот Курир, дрогата секако била наменета за лица од естрадата.
Вчера Ѓоша кога беше ослободен од полиција изјави дека во животот нема пробано дрога освен трева.
– Сум пробал трева и ништо повеќе во мојот живот. Се движам во кафеани, во кафулиња, можеби знам луѓе кои земаат дрога, но не сум пробал навистина. Баш ме интересира од каде се овие глупости, вели актерот.
Па зарем ви делувам како некој под дејство на дрога, завршува тој.