Крадец и пришол на кумановка, која чекала автобус, од зад грб, ја нападнал и ја ограбил.
Нападот се случил во саботата околу 7 часот додека чекала автобус на улица „11-ти Октомври“ во Куманово. Крадецот кој бил исто така кумановец, и пришол од зад грб и ја удрил со рацете по задниот дел на главата.
Четириесет и тригодишната жена паднала на асфалтната површина и тогаш крадецот се обидел да и ја украде чантата. Откако не успеал и го украл мобилниот телефон и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.