Турски пилоти тврдат дека виделе НЛО


Пилоти на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ тврдат дека НЛО со зелена светлина прелетал над нивниот авион на 19 мај, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

– Неидентификуван објект со зелени светла прелета на околу 2.000 до 3.000 стапки над нас, а потоа одеднаш исчезна. Претпоставивме дека леталото е поврзано со вонземјани, бидејчи не знаевме што друго би можело да биде – рекле двајцата пилоти по враќањето на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.pilot kabina avion

Неидентификуваниот летечки објект бил забележан во околината на истанбулскиот кварт Силиври за време на летот од западното турско одмаралиште Бодрум до Истанбул.

Како што тврдат, НЛО е виден над Истанбул во текот на летот од Бодрум, а забележан е додека авионот летал на висина од 17.000 стапки околу 23:30 часот по локално време, само половина час пред слетувањето на аеродромот.

Авионот слетал на аеродромот „Ататурк“ околу 30 минути подоцна.

Главната дирекција на воздухопловните власти во Турција соопшти дека на радарите не забележала таков објект.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1