Бил Козби: Ќе ги најадев, ќе ги дрогирав, па следуваше секс!


Американскиот комичар Бил Козби кој е на сослушување во Пенсилванија на кое ќе биде одлучено дали повторно ќе оди на суд, во 2005 година во текот на сведочењата опишал како ги мамел девојките кои ги злоставувал.

Комичарот објаснил дека имал агенција која во ТВ-студиото му носела девојки шест пати неделно, од кои најмалку една имала 17 години. Новинската агенција АП откри и дека Козби рекол дека им давал „многу добар оброк“, после што ги дрогирал и ги принудувал да му пружаат сексуални услуги.17092014160934_kozbi

Козби тогаш исто така признал дека девојките ги потплатувал преку своите агенти, за да не дознае неговата сопруга дека ја изневерува.

Комичарот признава дека имал сексуални односи со барем две тинејџерки и дека агенција му испраќала по пет-шест модели во стидиото секоја недела кога снимал некоја серија. Изјавил дека на младите непознати актерки има давал „многу, многу, многу добар оброк“, па им уфрлал таблети „квалид“ во пијачката и се сексал со нив.

Овие детали од негово сведочење од 2005 и 2006 година ги објави Асошијетед прес непосредно пред неговото денешно сослушување.

Повеќе од 50 жени го обвинуваат за силување, но повеќето случаи веќе се застарени. Единствено за што е обвинет е силувањето на Андреа Констанд од 2004 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1