Полицијата извести дека од рано утринава е запрен железничкиот сообраќај кон граничниот премин Табановце.
Причина за прекинот е истекување плин кој од Србија со композиција бил пренесуван во земјава.
Засега се знае дека од композицијата која брои 16 вагони, шест вагони се цистерни со плин, а од еден вагон-цистерна забележано е дека истекува плин.
Поради загрозената безбедност и опасност, додека не се отстрани дефектот железничкиот сообраќај ќе остане во прекин.