Муслиманите бараат Аја Софија повторно да стане џамија


Повеќе илјади муслимански верници се собраа во Истанбул, пред Аја Софија, барајќи да им се дозволи да се молат во ова здание, кое последните пречеиси осум децении е музеј, пренесоа турските медиуми.

Имамот кој ја оддржа молитвата пред зданието ги повика надлежните да им овозможат молитви во него.ajasofija

„Скинете ги оковите, отворете ја Аја Софија“, повикуваа верниците, јавија турската агенција Доган.

-Во име на илјадници наши браќа бараме да ни се дозволи да се молиме во џамијата Аја Софија, рече Салих Турхан, претседател ма Здружението на младите од Анадолија.

Црквата Света Софија била изградена во VI век, а во џамија била претворена во 1453 година,. кога Турците го зазеле тогашен Константинопол. Од 1934 година, со нардба на тогашниот турски претседател Кемал Ататурк, ова велелепно здание е пренаменето во музеј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1