Потресна исповед: Што ми правеа џихадистите во Либија?


Мирослав Томиќ кој успеа да преживее киднапирање во Либија, ја раскажа својата потресна приказна и мачењата на кои бил подложен додека бил во заробеништво кај припадниците на терористичката организација Боко Харам.

-Не поминав ни 15 метри кога пред мене скокнаа тројца мажи. Веднаш знаев дека се припадници на Боко Харам, им ги видов црните кундаци, на кои пишуваше ИСИС. Ми ги врзаа рацете и ме пикнаа во багажникот од мојот џип. По некое време се заглавија во песокот, вели Мирослав.miroslav-tomic-teroristi-640x361

Иако зборува арапски, се правел дека не ги разбира. Му наредиле да вози.

-Слушнав како рекоа: „Подобро да не го убиваме сега, туку да го искористиме“. Ми го скршија телефонот. Нивното непознавање на англискиот јазик ми го продолжи животот. Ми ставија нож под грло и ми наредија да ја преведувам навигацијата. Им преведував погрешно, купувајќи време, објаснува Мирослав.

Две илјади километри понатаму запреле.

-Бев три дена без вода и храна. Повремено ми даваа вода помешана со нафта за да ме одржат во живот. Во текот на ноќта некако успеав да ги прегризам конците. Утрото тие двајцата ме изведоа надвор, еден со вперена пушка, друг со нож. Ми рекоа да се помолам на Господ. Помислив дека е подобро да умрам од куршум, отколку од нож, раскажува Мирослав.

-Кренав камен и го удрив војникот со ножот во препоните. Го кренав и го користев како штит. Третиот војник стоеше на работ и фаќаше сигнал од сателитот. Почна пукање, еден куршум ме гребна по чело, а другиот ми помина над увото. Паднав. Ми ги врзаа рацете и нозето, па ме врзаа за џип и така ме влечеа по патот, се до една долина каде ме оставија да искрварам на сонцето, раскажува Томиќ.

Животот им го должи на племето Црни Табу. Мирослав на нив два месеци пред киднапирањето им помогнал и командантот рекол дека сега им е брат. Кога слушнале за киднапирањето, тргнале во потрага.

-Десет дена Црните Табу ме негуваа ранет. Ме мачкаа со крв од антилопа за побрзо да ми зарастат раните. Во студените пустински ноќи ме грееја со своите тела. Патувавме така додека не стигнавме до болница, раскажува Мирослав.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1