Следи нестабилно време, а уште вечерва ќе има наоблачување, позначајно во западниот и северниот регион.Врнежи од оваа облачност се очекуваат попладне и во текот на вечерта, со тоа што попладне ќе бидат почести во западниот, а навечер во североисточниот регион. Грмежите ќе бидат ретка појава.
Иако ќе биде пооблачно во однос на претходните денови, во југоисточниот регион веројатноста за врнежи ќе биде под 30%.
Температурата ќе достигне максимална вредност во границите од 26°С до 28°С во поголем дел од котлините низ земјава. На југоисток околу 30°С.
Скопскиот регион очекува променливо време. Пооблачно ќе биде попладне и навечер, кога се очекуваат и повремени врнежи од дожд. Температурите нема да надмине 28°С.