Американскиот актер Мајкл Џејс (53) кој се прослави со улогата во серијата „Значка“(The Shift) и филмот „Форест Гамп“ е прогласен за виновен за убиството на својата сопруга Ејприл Џејс(40) , пренесуваат американските медиуми.
Убиството се случи во април 2014 година пред нивните две деца. Џејс тврдел дека тој ја застрелал сопругата во нога по кавгата околу нивниот развод, но на судот во Лос Анџелес било докажано дека ѝ пукал во грб, а потоа двапати во нозе и притоа рекол: „Ако веќе сакаш да трчаш, тој отрчај во рајот.“
Грозоморното злосторство се случило пред нивните синови на возраст од пет и осум години, кои само што се вратиле од бејзбол натпревар. Родителите на Ејприл повикале 911 и го пријавиле пукањето бидејќи Џејс наводно им се јавил и им признал што се случило.
Адвокатите на актерот се повикале на неговиот бес бидејќи утрото пред несреќата сопругата на актерот му побарала развод, и дека поради тоа не би требало да одговара пред законот.
– Бев лут и ја застрелав ов ногата, само тоа го сакав. Уништив животи, четири животи. Би можел сега да си забијам игла во раката и да завршам со сè. Тоа би било во ред – изјавил актерот.
На актерот му се заканува затворска казна од 40 години до доживотен затвор.