Студент од Јужна Кореја, во обид да се самоубие, скокнал од прозорецот на неговиот стан и паднал врз друг човек, при што и двајцата загинале, објави новинската агенција Yonhap.
Инцидентот се одиграл во градот Гвангжу во јужниот дел од земјата. Локален државен службеник одел по улицата со својот малолетен син и сопругата, коа врз него паднал студентот кој скокнал од 20-от кат. Двајцата биле итно однесени во болница, но за жал не преживеале.
Таткото на семејството бил на 38-годишна возраст, додека студентот имал 25 години.
Според агенцијата, полицијата планира да по крене обвинение за убиство од небрежност, со што ќе го олесни поднесувањето на барањето за исплата на осигурувањето на семејствата на починатиот маж.