Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и неговата сопруга, Американката Сузана, во август по четврти пат ќе станат родители, пишува ВЕСТ.
Летово, семејството ќе се прошири со уште еден член, бебето кое со нетрпение го очекуваат и нивните три деца, ќеркичката Марта (6) и синовите Филип (4) и Никола (2).
-Чекаме девојче и чувството е прекрасно. За неколку месеци со сопругата Сузана ќе имаме две ќерки и двајца синови, вели Ѓорчев за ВЕСТ.