ВИДЕО Хаос во судницата – Сериски убиец осуден на смрт, нападнат од таткото на убиената девојка


Очигледно сакал да го истури сиот свој бес на убиецот и на тој начин барем малку да се одмазди за својата ќерка.tocka-198097

Серискиот убиец Мајкл Медисон убил три девојки, 18-годишната Ширелид Тери, 38-годишната Ангела Дескинс и 28-годишната Шетиша Шил, поради што е осуден на смртна казна. Меѓутоа, иако на Мајкл веќе му е изречена пресудата, при судењето таткото на Ширелид не можел да издржи, па го нападнал човекот кој сурово ја убил неговата ќерка.

Неколку минути откако на Мајкл му била изречена смртната пресуда, Тери го нападнал и почнал бесно да го удира. Очигледно сакал да го истури сиот свој бес на убиецот и на тој начин барем малку да ја одмазди својата ќерка.

Инаку, сите три девојки биле убиени во Охајо.

“Во овој момент, претпоставувам, ние би требало да му простиме на овој кловн што влегол во нашите семејства и ги убил нашите деца”, рекол Тери.

Веднаш по таа изјава, Тери нагло се свртел кон Медисон, кој седел на обвинителната маса, и го нападнал. Полицијата одвај успеала да ги раздвои, а кратко потоа им наредиле на сите да ја напуштат судницата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1