Во Норвешка и Шведска денеска завладеа паника посебно меѓу вработените во поштата заради прав во пратки и од кој повеќе од 40 вработени од поштата во Осло завршија во болница.
Шведски медиуми јавуваат дека 14 луѓе се во болница, бидејќи биле изложени на непозната состојка додека уште 30 се пријавиле за преглед.
Тие биле изложени на бел прав бидејќи една пратка била искината. Припадници на полицијата во Осло се во зградата на поштата, а правта е испратена на анализа. Потенцијално опасниот бел прав е пронајден е и во писмо во пошта во јужниот дел од Стокхолм.