Мухамед Али итно пренесен во болница!


Легендарниот боксер и еден од најдобрите спортисти на сите времиња Мухамед Али (74) заврши во болница во Феникс поради проблемите со дишењето.

Иако првичните вести зборуваа дека Али се чувствува добро, американските медиуми наведуваат дека состојбата е многу посериозно отколку што се прикажува во јавноста.muhamed ali golema

– Се очекува дека Али извесно време ќе остане во болница за да не дојде до компликации. Семејството замолува за приватност – порачал портпаралот на боксерската легенда Боб Гунел.

Трикратниот светски првак во тешка категорија со години се бори со Парксинова болест која му е дијагностицирана 1984 година, три години откако се повлече од боксот.

Болеста често се поврзува со траума на главата, а на Али состојбата последните години дополнително му се влоши па појавувањето во јавноста го сведе на минимум.

Али во кариерата имаше вкупно 61 професионален меч. Од нив, победи во 56 настапи, со 37 победи со нокаут. Немал нитуедна нерешена борба, а забележал 5 порази.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1