„Шарената револуција“ продолжи со уништување на спомениците и плоштадот „Македонија“. Граѓаните кои се шетаа низ центарот на градот не можеа да поминат низ плоштадот па мораа да заобиколуваат по споредните улички.“шарените“ вчера целосно го обоија скопскиот плоштад откако со кофи фрлаа црвена боја и со ваљаци во рацете размачкуваа по целата површина на плошатадот.
По ваквата акција на опозициските вандали, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски лично се погрижи за чистење на плоштадот од атакот на “шарените“ . Во чистењето помогна и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.