Голема операција против трговија со фалсификувани лекови заврши со апсење на 393 лица и конфискување на милиони опасни продукти, соопшти денеска Интерпол.
Фалсификувани лекови за лекување на рак, тестови за откривање на СИДА, лекови за дијабетес, стоматолошки материјали и незаконска хируршка опрема биле откриени во текот на операцијата, која е деветта по ред, а во која учествувале полицајци од 193 земји. Акцијата е спроведена од 30 мај до 7 јуни под името „Пангеа“.
Запленети се околу 12,2 милиона фалсификувани материјали и затворени се 4.932 интернет страници, кои ги рекламирале овие производи. Започнати се 700 истраги ширум светот.
Во текот на осмата операција извршена минатата година беа конфискувани 20 милиони лекови во вкупна вредност од 81 милион долари и уапсени 156 лица ширум светот.