Ништо од античката цивилизација: Каков изгубен град се крие кај Закинтос?


Неодамна е направена студија која открива дека подводните структури за кои се сметаше дека се остатоци од дрена цивилизација, всушност се природни геолошки формации.zakintos izguben grad

Студијата е испечатена во магазинот „Marine and Petroleum Geology“, а открива дека изгубениот град кај Закинтос, за кој се сметаше дека претставува остатоци од древна цивилизација, всушност е последица на природна појава, која настанала пред повеќе од милион години, пипува Тајм.Како што вели главниот истражувач, Џулијан Ендруз, и порано имало траги кои упатувале на остатоци од поплочен под, колонади, дворови, но за жал тие не претставуваат град.

-Имаше знаци кои на прв поглед делуваа како основа на кружни столбови и асфалтирани подови, но немаше други знаци на живот, грнчарија, парички, што било што се наоѓа на вакви места, вели Ендруз за Смитсонијан.

ТОј и неговиот тим ги анализизрале формациите и сфатиле дека сепак се работи за микроби во седиментот кои заедно со гасовите и морските струи направиле структури во форма на дискови.

-Ја истражувавме населбата која е на 2-5 метри под водата и откривме дека се работи за орироден геолошки феомен, а не за античка цивилизација. Сепак, и ова вреди да се забележи и да се види, зашто вакви феномени се многу ретки во плитки води. Слични откритија обично се наоѓаат на повеќе стотини метри под водата, вели геологот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1